Во изминативе дваесет години на просторите на Западниот Балкан испробано е се, освен капитализмот, кој во исто време е обвинет за поразителните резултати на сите експерименти. Етатизам, социјализам, национализам, колективизми од сите видови и бои – се е видено и се има завршено со неуспех. Комунистичката идеологија е заменета со нови содржини, но целта останува иста – континуитет на системот на семоќна држава. Национализмот се докажа само како последен стадиум на комунизмот. Некогашните комунисти, кои во меѓувреме станаа или националисти или просветени евро-социјалисти, сеуште доминираат во политичкиот живот на целиот регион.

Војните, економските вратоломии и нелибералната демократија – како покритие за државното спонзорирање на кражбите, измамите и зголемувањето на администрацијата, ги имаат сочувано политичките системи во кои поединецот е неважен а државата семоќна, во кој политиката го креира животот, а не обратно, и во кој континуирано се води  симулирана борба помеѓу националистите и социјалистите, имплицирајки дека друга алтернатива не постои, односно дека може да се бира само помеѓу левицата и десницата. Овој привиден судир се користи со цел прикривање на нивната задкулисна согласност и блокирање на вистинската алтернатива. И едните и другите се согласуваат дека капитализмот е зло, а слободниот пазар мит, односно дека државата е незаменливиот механизам за управување со човечките животи. Како најнова лажна алтернатива се јавува евро-социјализмот, како верување во неограничената и семоќна мудрост во политичката контрола и регулатива на централните установи на ЕУ.

Капитализмот е решението, а не изворот на проблемите. Државата е изворот на проблемите, а не нивното решение.

Ние, потписниците на оваа Декларација, приврзани кон традицијата на класичниот либерализам повикуваме на прифаќање и енергично застапување на овие, колективистички потиснати и загрозени, индивидуални слободи и одговорности. Нашиот став е – отфрлање на национализмот и социјализмот во сите нивни рурални и префинети европски форми, и прифаќање на системот на природни слободи во кои животот непречено ќе се одвива, со воспоставување на новите и со обновување на старите традиции, со кои поединецот е слободен но и одговорен, и во кој пазарот а не бирократијата ќе биде арбитар на вредностите, и во кој улогата на државата ќе биде минимална.

Основните принципи за кои ние се залагаме, а без чие почитување е невозножно воспоставување на општество на слободни луѓе, се:

  1. Ограничување на улогата на државата на давање квалитетни услуги, во правец на спроведување на доброволните договори кои не одат на штета на трета страна, одбрана од насилство и заштита на сопственичките права.

  2. Слободен пазар и укинување на сите државни интервенции во економијата кои како главен инструмент служат за поробување на индивидуата па и на цели народи, отфрлање на сите институционални остатоци на социјалистичкиот економски модел вклучувајки и безусловна реституција на одземениот имот, како и денационализација.
  1. Уставно дефинирање на индивидуалните слободи и одговорности, втемелени на принципите на класичниот либерализам со владеење на правото вон доменот на националистичките, социјалистичките и останатите колективистички принципи, како гаранција дека  национализмот, социјализмот и нивните деривати никогаш повеќе нема да станат основа врз која општеството ќе пробува да се гради.
  1. Укинување на односите во кои поединецот и е подреден на државата како незрела и несамостојна личност и вечен абонент на патерналистичките државни интервенции. Поединецот е културен, економски и идеен суверен, а не државата. Индивидуализмот е морална вредност – додека прославувањето на колективните „вредности“ е пат во морален нихилизам и ропство. Слободно и одговорно општество можат да изградат само слободни и одговорни индивидуи.

 

Бохињ, Септември 2010




Иван Јанковић     Радо Пездир     Мирослав Прокопијевић
Јанез Шуштерчић     Александар Новаковић     Томаж Штих
Андреј Станимировић     Виктор Трифуновски     Борислав Ристић     Борис Меглич
Милутин Павићевић     Лука Губо     Слободан Радосављевић





 

Languages:


English Slovenija Srbija Hrvatska Bosna i Hercegovina Makedonija

Vaš potpis / Your signature :


Vaša podrška / Your support :






Bohinjska deklaracija, 2010
contact@bohinjska-deklaracija.org